
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 10 часот и 21 минути во близина на Кукеш во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 26 километри од Кукеш и 56 километри од Призрен, на длабочина од три километри.
Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија денеска регистрираше помал земјотрес во 10:21 часот.