Дваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ .
На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела.
Тој договор овозможува преговорите официјално да започнат во вторник во Луксембург, според истиот извор.
Извор: МИА