Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се обрати пред германските пратеници.

Advertisements

Билд објави дека се очекува Зеленски да побара дополнителна помош од Германија – финансиска и оружје.

Вчера Зеленски имаше обраќање до американските конгресмени, во кое отворено побара поддршка од претседателот Џо Бајден за справување со руската инвазија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц е меѓу најгласните поддржувачи на Украина, а ги зголеми германските трошоци за одбрана и испрати оружје во Украина.

Анкетите покажуваат дека многу Германци го поддржуваат повикот на Зеленски за забрана на руската енергија, но министрите сметаат дека укинувањето на употребата на рускиот гас не треба да биде веднаш туку постепено.

Прикажи повеќе