Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, со кого разговараше за текот на војната во Украина, договорот за извоз на жито преку Црното Море, како и билатералните односи меѓу Турција и Украина.
„Му благодарам на претседателот на Турција и на сите турски и украински одбранбени компании за нивното партнерство и заедничка работа на зближување и одржување на мирот“, напиша Зеленски на својот профил на мрежата „Икс“.
I started my meeting with President @RTErdogan.
I am grateful to Türkiye for its reliable support for Ukraine.
Both of our countries, the entire region, and global food security require unconditional security of navigation in the Black Sea. We can accomplish this by working… pic.twitter.com/kV8ms9RIeo
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 8, 2024
Зеленски изјави дека ги посетил бродоградилиштата каде што се градат мали воени бродови „корвети“ за Украина.