Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за безбедноста, финансиската поддршка за Украина и продолжувањето на санкциите против Русија.

„Како дел од постојаниот дијалог, имав уште еден разговор со претседателот“, објави Зеленски на Твитер.

Белата куќа соопшти дека повикот траел 30 минути и дека Бајден ја поздравил одлуката на Visa и Mastercard да ги прекинат своите операции во Русија.

„Бајден ја зголемува безбедносната, хуманитарната и економската помош за Украина и работи со Конгресот за да обезбеди дополнително финансирање“, додаде Белата куќа.

Прикажи повеќе