Центарот на Харков е погоден од руски ракети. Слики на социјалните мрежи покажуваат како ракети ја погодиле зградата на регионалната управа. Се наведува дека има десетици загинати и неколку повредени
„Како резултат на воздушниот напд делумно е уништена зградата на подрачната управа и зградите во близина на управата. Луѓето се под урнатините, откопавме тела на најмалку шест лица, а околу 20 лица се повредени”, изјави Евхен Василенко, претставник на Министерството за вонредни состојби:
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша бомбардирањето на Харков како воено злосторство. Тој рече дека сведоците посочиле дека мета биле и цивили.
„Ова е воено злосторство. Мирен град. Мирни станбени области. Нема воени објекти. Десетици снимки од сведоци докажуваат дека ова не е само рафал, туку уништување на луѓе. Русите знаеја каде пукаат“, рече Володимир Зиелински, претседател на Украина
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли како невистинити наводите за руски напади врз цивилни цели и употреба на касетна муниција и вакум бомби.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека руската војска цели само воени објекти и „користи прецизно оружје“ и покрај многуте докази документирани од АП за неселективно гранатирање домови, училишта и болници низ Украина.
„Во текот на воените судири, украинската страна не се двоуми да ги користи цивилите како жив штит. Бројни ракетни системи, оружје, минофрлачи од голем калибар се поставени во дворовите на станбените згради, во близина на училишта и градинки“, рече Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија
Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан започна истрага за руската окупација. Тој рече дека верува дека има доволно основа да се верува дека во Украина се извршени воени злосторства и злосторства против човештвото. Во меѓувреме, сателитски снимки на американска приватна компанија покажуваат колона со воени возила северно од главниот град Киев. Рускиот вооружен конвој достигна 65 километри. Украинските воени претставници тврдат дека 5.710 руски војници биле убиени во првите пет дена од борбите во Украина, додека повеќе од 200 руски војници биле заробени. /Алсат.мк
Шкелзен Аќифи