Украинците продолжуваат да пружаат отпор во опколениот град Мариупол, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски што е спротивно на тврдењето на Русија дека го „ослободила“ стратешкото пристаниште на Азовско Море по речиси два месеца интензивно гранатирање кое предизвика илјадници смртни случаи и масовно уништување. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека руските сили го „ослободиле“ Мариупол и не нареди да се нападне комплексот на фабриката за челик Азовстал, каде што се кријат неколку илјади украински војници заедно со уште илјадници цивили.

Advertisements

Прикажи повеќе