Деновиве со летните горештини и превисоките температири над 41 степен целзиусов лошо се одразуваат на здравјето на населението што предизвика и зголем број на повиците од граѓаните, како и прегледите во амбуланта и на терен од екипите на Итна медицинска помош. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. За само 15 дена, направени се 302 прегледи во амбуланта преку ден и 466 прегледи преку ноќ, додека на терен се направени 162 прегледи преку ден и 126 преку ноќ. Услуги на терен од страна на сестра направени се вкупно 184 од кои 174 преку ден и 10 прегледи преку ноќ, информира д-р Василка Пановска Поп–Стефанова началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Таа потенцира дека поради превисоките температири многу често граѓаните колабираат, а воедно зголемен е и бројот на повици од хронични пациенти,на кои здравјето им се влошува поради превисоките температури.
-Се јавуваат и пациенти со покачен крвен притисок, како и пациенти кои имаат дијареа и повраќање, а има повици и од хроничните болни информира д-р Пановска Поп-Стефанова.
Воедно таа апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови во период од 10:00 до 17:00 часот кога се највисоки температури, да конзумираат што повеќе течности, а најмногу вода и сок од цеден лимон, како и добро измиено овошје и зеленчук и да избегнуваат масна храна.
Доколку сепак имаат потреба да излезат од дома, да носат светла облека.Хронично болните пациенти редовно да ја примаат својата терапија и за било каква промена на здравствената состојба да се консултираат со лекар.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.