Зголемен е бројот на повици за итни случаи во здравствените домови на Куманово и Липково изминатата недела, информираа денеска дежурните лекари. Екипите на итната помош во текот на работните денови од изминатата недела зачестено интервенираат на колапси, сообраќајни несреќи, а во оваа бројка не се вметнати интервенциите на хронично болните лица.
Доктор Катерина Ивановска од Итна помош Куманово, информираше дека речиси секојдневно по неколку пати во денот интервенираат на колапси.
– Се случува да интервенираме на колапси по неколку пати дневно на отворено, но и во затворени простории каде има фреквенција на луѓе. Пациентите, особено повозрасните мора особено да внимаваат и да ги почитуваат мерките, носење лесна облека, движење пред 10 и после 17 часот, доволно внесување течност, изјави Ивановска.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.