Милиони луѓе долж тесниот коридор од Мексико низ Америка и Канада имаат шанса да видат целосно затемнување на Сонцето, иако метеоролозите предупредуваат на облачно време во некои области.
Месечината веќе го блокираше сонцето за набљудувачите во Мексико и Тексас. Врисоци на воодушевување можеа да се слушнат од стотиците набљудувачи собрани на плажата во одморалиштето Мазатлан.
Додека го чекаа природниот феномен, поставија опрема за гледање и слушаа како оркестар изведува музика од филмот „Војна на ѕвездите“ додека сликите на принцезата Леја беа проектирани на големото платно.
Затемнувањето потоа стигна до Америка и Тексас. На Универзитетот Југозападен, во Џорџтаун, Тексас, стотици луѓе се собраа да навиваат дека се расчистило на време за да го видат затемнувањето.
Најдобри временски услови се прогнозираат во Вермонт и Мејн во Америка и Њу Бранзвик и Њуфаундленд во Канада. Затемнувањето на Сонцето се очекува да го види најголемиот број досега во Северна Америка, поради густо населената патека и фактот дека Тексас и другите места ќе бидат целосно темни повеќе од четири минути во средината на денот.
Речиси сите во Северна Америка ќе можат да видат барем делумно затемнување, во зависност од временските услови.