Избувна пожар на само неколку метри од граничниот премин „Богородица“ од грчата страна. Во моментов, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР) во прекин е сообраќајот преку овој граничен премин.
Први на терен пристигнале пожарникарите од Гевгелија, со цел да интервенираати да не се прошири пожарот и на македонската страна од границата.
Од грчка страна, пак, како што пишува грчкиот весник „Прототема“, на терен се 22 пожарникари и 10 возила.
„Патот кон граничниот премин ‘Евзони‘ е затворен, а сообраќајна полиција го пренасочува сообрајот“, пишува весникот.
Според информации од грчките медиуми, гори ниска вегерација, со шумски делови.