Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на пресот во седиштето на неговата партија, најави дека СДСМ ќе има гласови во повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сега се одземени гласовите од коалиционите партнери кои настапиле сами на изборите.
„Во повеќе од 30 општини победуваме во прв круг или влегуваме во водство во втор круг и секако Градот Скопје. СДСМ победува во Центар, Карпош, Крушево, Делчево, Ресен, Валандово, Македонска Каменица, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Хисар, Демир Капија, Чашка, Маврово, Конче, Арачиново, Дебрца, Куманово“, рече Заев.