-На изборите во 2020 година граѓаните ни дадоа чест и одговорност да продолжиме со ваквите интеграциски политики. Двете стратешки цели на државата се членство во НАТО и ЕУ. Навистина видливи успеси постигнавме, со таквите успеси не само што обезбедивме траен мир, ја заокруживме територијалната целовитост на државата и суверенитет на државата, потенцира премиерот Заев.
Безбедноста, сигурноста, и модерно НАТО во 21 век, посочи премиерот Заев, значи раст на економијата, значи инвестиции.
-Веднаш по самата покана за членство во НАТО во 2018 година го достигнавме рекордот од 625 милиони евра странски инвестиции само во таа година, тоа продолжува да се случува. Пред некој ден објавивме 500 милиони евра инвестиција само во ветерници на една локација во државата, како најголема единечна инвестиција од независноста до денес. Преговараме за нови 3 милијарди инвестиции во обновливи извори на енергија, нагласи претседателот на Владата.