Тежок удар доживеа Баерн Минхен во решавачкиот дел од сезоната. Левиот бек, Алфонсо Дејвис, поради повред на лигаментите во коленото ја заврши сезоната.

Алфонсо Дејвис, поради болки во коленото, пред три дена го напушти теренот во 12. минута против САД. Во борбата за третото место во Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, Канада ги победи САД (2:1), а Дејвис по натпреварот на новинарите им кажа дека се повредата не е сериозна.

Сепак, деталните прегледи дијагностицираа кинење на лигаментите во коленото.

Канаѓанецот во тековната сезона одигра 31 натпревар, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.

Инаку, Дејвис на почетокот на февруари конечно ги прифати условите кои му беа понудени и се обврза на соработка до летото 2030.

Текстот Заврши сезоната за Алфонсо Дејвис е превземен од МАКФАКС.