Четворица астронаути, тројца од НАСА и еден од Европската вселенска агенција (ЕСА), успешно пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС), јавува Ројтерс.
Advertisements
Слетувањето на капсулата „Кру драгон“ вчера, со четворица астронаути – тројца Американци и еден Италијанец, со помалку од 16 часа по лансирањето на вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида, е еден од најбрзите летови на ракетата „Спејс икс“ на Илон Маск на МВС од полетување до слетување, се наведува на веб-страницата на НАСА, наведува британската агенција.
Астронаутите со прегратка и ракување беа пречекани од четиричлениот тим – тројца Американци и еден германски колега од ЕСА, кои ќе ја завршат својата мисија следната недела.
Тројца руски космонаути кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, а кои денеска се подготвуваат за вселенска прошетка, не беа присутни на приемот, јавува Ројтерс.