Ракометарките на Вардар имаа успешен старт по враќањето на европската сцена и го елиминираа тимот на Приштина во нокаут-фазата на ЕХФ Европскиот Куп, откако и во реваншот триумфираа со 32-27.
Пришина не успеа да му парира на Вардар ниту во вториот дел, но сепак од средината на полувреме до крајот успеаа да го ублажат поразот на 27-32.
Најдобра во редовите на Вардар беше Сара Миновска со седум голови, додека Марија Галевска постигна шест, додека во противничкиот состав најефикасна беше Кеита со осум погодоци.