Извесно е дека Манчестер сити во летниот преоден рок ќе добие нов голман. Медиумите шпекулираат дека португалски голман ќе дојде на местото на Бразилецот Едерсон.
„Граѓаните“ решија да се разделат со Кевин Де Брујне, а се чини дека истото ќе го направат и со долгогодишниот голман.
Како што дознава „Фут Меркато“, наследник на Едерсон на голот на Манчестер сити би требало да биде голманот на Порто, Жоао Коста.
Португалскиот репрезентативец неколку сезони брани во врвна форма, јасно е дека Порто нема да го пушти така лесно. се шпекулира дека Сити ќе треба да плати 75 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.
Инаку и Едерсон во Сити дојде од Португалија, од редовите на Бенфика. „Граѓаните“ во 2017 година за неговиот трансфер издвоија 40 милиони евра.
Текстот Жоао Коста прв кандидат за нов голман на Сити е превземен од МАКФАКС.