Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.

Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.

Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.

Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.

Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.

Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.

Текстот Жестока казна за Жозе Мурињо е превземен од МАКФАКС.