Украинските и руските сили жестоко се борат за да добијат контрола над Северодоњецк, во источна Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека бранителите на земјата се борат за „секој метар“ од градот, иако Русите уништиле клучен мост, спречувајќи ја евакуацијата на цивилите од воените зони.

Advertisements

„Клучната цел на окупаторите не е променета. Го зголемуваат притисокот во Северодоњецк, има жестока борба за секој метар.Руската армија се обидува да распореди резервни сили во Донбас. Се чини дека тие ќе се обидат да вклучат во битка регрути кои не се добро обучени. Руските генерали на својот народ гледаат едноставно како топовско месо“, рече Зеленски.

И покрај зголемениот притисок, Зеленски рече дека украинските сили ги спречуваат руските војници да го заземат Донбас. Северодоњецк остана критичната точка на борбите, која според Киев ќе го одреди исходот од војната што Русија ја започна во Украина на 24 февруари.

Во меѓувреме, според западните разузнавачки служби, Русија останува без оружје. Според британското Министерство за одбрана, руската армија веќе користи ракети од 5 тони од периодот на Студената војна, бидејќи современото вооружување е при крај. Но, употребата на овие проектили се смета за исклучително опасно и може да предизвика десетици жртви. Застарените ракети од 1960-тите се исклучително опасни, бидејќи се непрецизни и можат да предизвикаат сериозна штета. Извештајот не дава детали за тоа каде се истрелани овие џиновски ракети, кои можат да достигнат растојание до 1000 километри.

Алсат

Прикажи повеќе