Французинот Жереми Тото ќе го напушти тимот на Вардар на крајот од оваа сезона што значи дека нема да биде активирана втората година од договорот.
Тото има договор 1+1 со Вардар, а најавите се дека тој се враќа во својата земја каде што веќе се има договорено со тимот на Нант,
Жереми Тото е главниот дефанзивец сезонава во редовите на Вардар. Тој беше донесен на барање на Веселин Вујовиќ и го потврди својот квалитет. Се работи за еден од најборбените играчи, а помага и во нападот.
Нант го сака Тото како замена за репрезентативецот на Србија, Драган Печмалбек кој потпиша за тимот на Веспрем.