Франција денеска имаше слободен ден на Европското првенство на кое „триколорите“ важат за едни од главните фаворити за титулата, но ваквиот статус не го интересира голманот Венсан Жерар кој е разочаран од сите случувања.
– Ретко си дозволувам вакви испади со изјави во јавноста, но мора да го искоментирам тоа што се случува на Европското првенство, а во нашиот случај тоа е Унгарија. Во овој момент ние не сме нападнати од вирусот, па затоа не може никој да ме обвини дека се жалам и дека плачам. Само денес имаме 105 позитивни случаи во репрезентацијата, се прашувам следното: Каква корист имаме од ова Европско првенство? Навистина не можам да разберам. Постои вистински проблем за сите и срамота е тоа што го доживуваме. Наместо да се фокусираме на играта, ние сме фокусирани на лотарија, постојано стравуваме да не добиеме позитивен тест и со тоа да бидеме присилени да си одиме. Не тестираат по двапати во ден и ќе биде навистина лошо ако некој се зарази на крајот. Сите држиме палци и се молиме тестот да не испадне позитивен, – вели Жерар.