Имаат тајни кои жените никогаш не би можеле да ги откријат. Составивме листа од 5 работи кои ниту еден маж нема да ви ги каже
Велат дека секоја жена има тајна која ја чува за себе. Но, што е со мажите? И тие имаат тајни кои жените никогаш не би можеле да ги откријат.
Сакаме самоуверени жени
Работата е во тоа што мажите ги доживуваат жените како и самите себе. Затоа мажот повеќе би сакал да избере поисполнета жена која има харизма отколку топ модел со недостаток на самодоверба, пишува Bright side. Тешко е да се поверува, но самодовербата ја прави жената многу попривлечна.
Се грижиме за тоа како изгледате
На мажите не им е грижа дали сте облечени по најнова мода. Секој од нив сака да ја види саканата жена облечена во „паметен секси“ стил, кој вклучува елеганција и сексипилност, но без вулгарност. Запомнете дека мажите сакаат со очите.
Не знам како да го направам тоа
„Да се биде маж“ во очите на жената е многу важно за нив. Затоа мажите почнуваат бизнис, дури и ако не се сигурни во успехот.Пред својата дама мора да бидат силни и паметни, без разлика дали знаат да го поправат фенот или не, пишува Atma.hr.
Ни се допаѓа вашата пријателка/сестра
Едноставно е: ако мислите дека вашата пријателка или сестра е супер згодна, вашиот маж исто така нема да го пропушти тој квалитет. Ќе размислува и за неа, иако тоа никогаш нема да го каже гласно, се разбира. Глупаво е да се мисли дека неговата љубов кон вас ќе го направи слеп.
Сакаме комплименти
Традиција е дека комплименти обично даваат мажите, но и тие сакаат да слушнат пофалби. Потребни ни се зборови на љубов, а таквите мали нешта можат да променат сè. Мажите сакаат да знаат дека не губеле време да ја изберат вистинската облека пред да се најдат со вас.