Според ждрепката која што се изврши пред две седмици, првакот Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе играат во иста група во новата сезона во Суперлигата, а бројките донесоа и мега-дерби уште на почетокот на сезоната.
Откако беа одредени бројките на екипите во лигите, уште во првото коло ќе играат Еурофарм Пелистер и Вардар. Мечот ќе се игра во Скопје, а Ракометната Федерација на Македонија веќе ги одреди термините за сите натпревари од новиот шампионат. Така, само неколку дена од првиот натпревар во Лигата на шампионите, пелистерци ќе го одиграат првото големо дерби со Вардар. Овој дуел е закажан за на 9 или 10 септември, а „зелено-белите“ против ППД Загреб ќе се сретнат на 13 ипи 14 истиот месец.
Пред почетокот на шампионатот, првакот Еурофарм Пелистер и победникот на Купот, Вардар 1961, ќе се борат за титулата од Суперкупот на Македонија, во натпревар кој најверојатно повторно ќе се одигра во Охрид.