Земјите-членки на ЕУ договорија нов пакет санкции со кој веднаш се намалуваат повеќе од две третини од увозот на руска нафта во блокот. Ова на социјалната мрежа Твитер го напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Ова ембарго ја покрива само руската нафта која е транспортирана по море, дозволувајќи привремено ослободување за увозот испорачан со гасоводот.

Advertisements

Мишел изјави дека компромисниот договор, постигнат за време на самитот во Брисел, го намалува „огромен извор на финансирање на нејзината воена машина“. Лидерите, исто така, се согласија да ја исклучат најголемата руска банка, Сбербанк, од системот за пораки SWIFT, да забранат уште три руски државни радиодифузери и санкции против лица одговорни за воени злосторства.

Прикажи повеќе