Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека земјите членки на Европската Унија веќе купиле доволно течен гас за да обезбедат независност од рускиот гас до крајот на зимата, за помалку од две недели.
„Заедно со поголема заштеда на енергија и проширување на обновливите извори на енергија, ќе можеме да станеме независни“, рече Лајен во утринска програма на германската телевизија АРД.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Фон дер Лајен, меѓу другото, за германската телевизија АРД изјавила дека санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина се дизајнирани да предизвикаат максимално влијание врз Москва, а притоа да предизвикаат најмала можна штета на западните економии.
„Едноставно не можеме да се потпреме на добавувач кој експлицитно ни се заканува“, рече Фон дер Лајен, а пренесува „Дејли мејл“.