Европската унија усвои нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина, насочени кон руската „флота во сенка“, хибридни закани и кршење на човековите права, потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Во објава на платформата „Икс“, Калас напиша:
„ЕУ го одобри својот 17-ти пакет санкции против Русија, кој вклучува речиси 200 бродови од флотата во сенка. Новите мерки се однесуваат и на хибридни закани и кршење на човековите права. Нови санкции се во подготовка. Колку подолго Русија води војна, толку посилен ќе биде нашиот одговор“, напиша таа.
Што вклучува 17-тиот пакет санкции?
Цел на 200 бродови од таканаречената „флота во сенка“, која се користи за заобиколување на меѓународните ограничувања за извоз на руска нафта.
Санкции поврзани со хибридни закани, вклучувајќи сајбер напади, дезинформации и напади на критична инфраструктура во земјите на ЕУ.
Мерки против поединци и субјекти поврзани со кршење на човековите права во окупираните територии на Украина и во самата Русија.
И Велика Британија претходно денес воведе 100 нови санкции кон Русија, насочени кон воениот сектор, енергетиката и финансиските институции.
Текстот ЕУ воведе нов пакет санкции против Русија, главна цел им е руската „флота во сенка“ е превземен од МАКФАКС.