Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите на индустријата за оружје.
„Како што влеговме во Карабах и во Либија, можеме да направиме нешто слично и на нив“, рече Ердоган во говор пренесуван од државната телевизија, пренесува МИА.
Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија за деталите од неговата изјава. Засега нема коментар од Израел.
Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеибах.
Извор: МИА