
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека признавањето на независноста на самопрогласените Донечка и Луганска Народна Република од страна на Русија е неприфатливо и ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право, јави денеска телевизијата НТВ.
Ердоган се понуди да посредува во конфликтот, ја предупреди Русија да не ја напаѓа Украина, но и ги критикуваше постапките на западните земји во оваа криза, пренесува „Ројтерс“.
„Сметаме дека оваа одлука на Русија е неприфатлива. Го повторуваме нашиот повик за здрав разум и почитување на меѓународното право од сите страни“, изјави Ердоган за новинарите, додавајќи дека Анкара подготвила пакети за претпазливост како земја во критичниот регион.