Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата очекува привремената влада во Сирија да преземе исправни чекори и дека нема да има закана за нејзините соседи.

Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот совет на Судан, Абдел Фатах ал-Бурхан, за билатералните односи, регионалните и глобалните процеси, пренесе „Риа њуз“.

Тој рече дека сирискиот народ е дојден до фазата на одредување на својата иднина по 13-годишната хуманитарна криза.

Според него, Турција ќе обезбеди поддршка за да се осигури дека привремената влада ќе ги преземе вистинските чекори за да му служи на сирискиот народ и да не претставува закана за нејзините соседи, пренесува „Танјуг“.

Текстот Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе исправни чекори е превземен од МАКФАКС.