Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс е последниот во низата НБА ѕвезди кои се најдоа во центарот на голем инцидент надвор од терените. Како што стивна бурата со Џа Морант, Едвардс се најде во центарот на вниманието по натпреварот 5 од првото коло од плеј-офот против Денвер.
Младиот кошаркар беше несреќен по елиминацијата на неговиот тим од плеј-офот, па со столче маваше на излезот од теренот. Во таа прилика тој закачил двајца чувари, кои биле повредени и како што пренесуваат медиумите во Колорадо, се подготвени да поднесат тужба против Едвардс.
Едвардс е обвинет за напад од трет степен, кој предвидува максимална затворска казна од 18 месеци и/или парична казна до 1.000 долари, според локалниот закон. Во меѓувреме и Тимбервулфс објавија дека се запознаени со инцидентот, дека ги собираат сите информации, но дека немаат повеќе што да споделат со јавноста./Ekipa/