Започна снимањето на продолжението на филмот Ѓавол носи Прада, со Ен Хатавеј и Мерил Стрип во главните улоги. По тој повод, Хатавеј на ТикТок сподели анегдота и покажа што носела со себе на снимањето за среќа.

„Првиот ден од снимањето на Ѓавол носи Прада 2 донесов наочари кои ги носеше нашиот режисер Дејвид Франкел за време на снимањето на првиот дел. Пред 20 години сите ние на сетот се заљубивме во нив“, ја почна приказната, а потоа ги извади наочарите од футролата.

„Сега повторно сме заедно, по 20 години, и сите ги имаме уште. Јас ги донесов своите за среќа на почетокот од снимањето. Не верувам дека ми е диоптријата иста, мислам дека сега не ми одговараат“, рече додека ги пробуваше очилата.

„О, боже. Ох, вау“, со тоа само малку ја опиша својата шокираност од диоптријата што ја имала пред 20 години. „Пријателка еднаш ги стави моите наочари и беше шокирана. ‘Како да испив цело шише џин’, рече. Сега ми е јасно што мислеше… Дали навистина толку лошо гледав?“, се насмевна актерката.

Покрај Ен Хатавеј и Мерил Стрип, своите улоги ќе ги повтори и Емили Блант и Стенли Тучи. Иако деталите од приказната уште не се официјално потврдени, се очекува приказната да се фокусира на Миранда Пристли и нејзиниот професионален предизвик во време кога печатените медиуми сè повеќе ја губат моќта.

Овојпат таа се соочува со својата поранешна асистентка, ликот на Емили Блант, која сега е високо поставена директорка на луксузна модна групација, со буџет за рекламирање што Миранда итно ѝ треба.

Сè уште не е познато каква улога ќе има Енди Сакс, која ја толкува Ен Хатавеј. Да потсетиме, на крајот на оригиналниот филм, Енди даде отказ во Ранвеј и прифати друга работа.

Режијата и сценариото повторно ќе ги потпишуваат Дејвид Франкел и Алин Брош Мкена, авторите на оригиналниот хит од 2006 година, што уште повеќе ги зголемува очекувањата кај обожавателите. Филмот е базиран на романот на Лорен Вајсбергер од 2004 година, делумно инспириран од нејзиното вистинско искуство како асистентка на Енди Винтур, главната уредничка на Вог.

Ѓавол носи Прада 2 ќе има премиера во кината на 1 мај 2026 година.

Текстот Ен Хатавеј ги извади очилата стари 20 години и раскажа анегдота од снимањето на „Ѓаволот носи Прада“ е превземен од МАКФАКС.