Цел свет остана во шок, кога еден од најдобрите фудбалери на сите времиња на својот Инстаграм профил објави дека неговиот син починал при породување поради компликации!
Неговата сопруга Георгина Родригез и тој истакнаа дека најголема утеха им е новородената ќерка, но и другите деца.
„Доме сладок доме. Гио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите ние ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го доживеавме на овој свет“ – напиша фудбалерот кога неговата сопруга излезе од болница.
Со многубројната поддршка од пријателите и семејството продолжија со секојдневните обврски, па на теренот се врати Кристијано Роналдо. Тогаш целиот стадион му аплаудираше, покажувајќи му дека се со него.
Сега секој слободен момент го користи за да биде со својата најмала ќерка и со остатокот од семејството.
Тој ужива додека ја гледа, гушка и бакнува, што може да се види и на сликата што ја објави.
Љубов засекогаш – напиша Роналдо.