Најдобрите македонски фудбалери ќе се обидат да извлечат максимум од двата тешки меча кои претстојат, во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Натпреварите се толку блиску временски што, покрај тоа што краток е периодот за рекуперација и дополнителна подготовка, неизбежно е да не се врзани психолошки и мотивациски. Дебитантот Сефер Емини смета дека против Украина мора да се одигра со 200 проценти од силите за да се стекне самодоверба и за Англија.
„Пред се мора да се фокусираме на натпреварот против Украина, а дури потоа да размислуваме за Англија. Позитивен резултат на првиот меч ќе донесе повеќе верба и самодоверба пред патувањето во Манчестер. Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар и да се победи, но фудбалот е непредвидлив. Ако не сте 200 проценти сконцентрирани, секој може да ви ги расипе плановите“., вели 22-годишниот играч од средниот ред.
Македонија ќе се пресмета со Украина в петок od 20.45 часот./Sport1/