Европската агенција за лекови ЕМА ја одобри употребата на вакцината против ковид-19 на Новавакс кај луѓе на возраст од 18 години и постари, отворајќи го патот за петта вакцина во ЕУ во услови кога варијантата омикрон брзо се шири. Податоците од две големи студии покажаа дека вакцината има ефикасност од околу 90 насто, соопшти ЕМА.
По темелна евалуација, Комитетот за хумани лекови со консензус заклучи дека податоците за вакцината се цврсти и ги исполнуваат критериумите на ЕУ за ефикасност, безбедност и квалитет“, се наведува во оценката на ЕМА. Европската комисија мора да ја потврди оваа одлука. Новавакс соопшти дека сè уште го тестира ефектот на вакцината од две дози врз сојот омикрон. ЕУ нарача 100 милиони дози вакцина Новавакс. Досега беа одобрени вакцините на Фајзер, Бионтек, Модерна, Џонсон и Џонсон и Астра Зенека.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.