Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, по неодамнешниот состанок со официјални лица од Кина, изјави дека таа држава ќе се обиде да иницира регулирање на вештачката интелигенција во својата земја, пренесува „Ројтерс“.
„Треба да се напомене дека на моето неодамнешно патување во Кина разговарав со високи функционери таму. Мислам дека имавме многу продуктивни дискусии за ризиците од вештачката интелигенција и потребата од некаков вид надзор и регулација“, рече Маск за време на разговорот со Роберт Кенеди Џуниор.
Маск минатиот четврток ја заврши дводневната посета на Кина, за време на која се сретна со високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи, трговија и индустрија.
Кинескиот сајбер регулатор во април ги откри нацрт-мерките за управување со генеративните служби за вештачка интелигенција, барајќи од фирмите да поднесат безбедносни проценки пред да ги објават своите понуди за јавноста.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.