Финска дефинитивно ќе биде дел од секоја коалиција што може да помогне во поддршката на безбедноста на Украина, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен за британскиот Радио Тајмс.

„Дефинитивно сме дел од коалицијата на подготвените и го разгледуваме збирот ресурси и способности што треба да ги донесеме на маса за да и помогнеме на Украина да ја обезбеди својата безбедност“, рече таа, според Ројтерс.

Како што истакна таа, мора да се обезбеди и остатокот од Европа.

Текстот Елина Валтонен: Финска ќе биде дел од коалицијата да и пружи помош на Украина е превземен од МАКФАКС.