Европската комисија предложи усвојување закон со кој ќе се заштитат новинарите и активистите за граѓански права од тужби поднесени со цел заплашување и молчење. Комисијата го предложи законот за борба против „стратешките тужби против учеството на јавноста“, кои ги опиша како „сериозна закана за демократијата и основните права, како што се слободата на изразување и информирање“.
Advertisements
Таквиот закон ќе им овозможи на судовите да ги отфрлаат случаите на почетокот на процесот, а тужителите ќе треба да докажат „дека случајот не е очигледно неоснован“, соопшти комисијата. За да стапи на сила, предлогот треба да биде одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Европскиот парламент.