Синди Крафорд, поранешна манекенка која важи за една од најубавите жени на светот, неодамна беше фотографирана како се релаксира на плажа во Канкун, каде се забавуваше со пријателите.

58-годишната позната манекенка беше фотографирана како ужива на морето во црвено бикини со пуштена коса и очила за сонце, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.

Синди на Инстаграм објави фотографии на кои покажа како таа и нејзиниот сопруг Ранди Гербер ја прославуваат 20-годишнината од бракот на нивните пријатели и им посака среќа.

Текстот Една од најубавите жени на светот, фотографирана во бикини, ги воодушеви обожавателите е превземен од МАКФАКС.