Манчестер сити-Реал Мадрид е најпривлечната двојка на почеткот на нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тимовите кои ја освојуваа титулата во последните две години непланирано се најдоа во плејофот за место во осминафиналето. Јасно е дека еден од фаворитите, пред почетокот на сезоната, ќе испадне од Лигата на шампионите порадо од планираното.
Дуел кој полека станува „класик“ на модерниот фудбал. Ова ќе биде нивна четврта пресметка во последните пет сезони.
Може ли актуелниот шампион да „преживее“ судир со тим кој има 15 титули во Лигата на шампионите.
Дали Ерлинг Халанд ќе ја добие битката со Килијан Мбапе? Дали Пеп Гвардиола има одговор за искусниот Карло Анчелоти? Одговорот на овие прашања ќе го добиеме наредната недела кога ќе се одиграат реваншите.
Сити ја игра најлоша сезона откако Гвардиола застана на чело на клубот. „Граѓаните“ на мускули, во последната рунда, со победата над Бриж се пласираше во плеј-офот .
Тие претходно доживеаја дебакл од 4:2 од ПСЖ, а во пресрет на пресметката со Реал Мадрид беа понижени од Арсенал во Премиер лигата со 5:1.
Мала утеха за навивачите е тесната победа над нисколигашот Лејтон Ориент (2:1) во ФА Купот.
Од друга страна, Реал играше добро од преминот од старата во новата година, се до моментото кога беше декласиран во Ел Класико (5:2) од Барселона во Суперкупот.
Потоа Реал Мадрид повторно влезе во серија, забележа победи над Селта (5:2), Лас Палмас (4:1), Ваљадолид (3:0 и Брест (3:0), но на последните три меча запиша само една победа (Леганес), пораз (Еспањол) и реми во градското дерби со Атлетико.
Нокаут фазата во Лигата на шампионите започнува во 18:45 часот француската пресметка меѓу Брест и Пари Сен Жермен. Јасно е дека Парижаните се апсолутни фаворити и дека тука е крајот на европската бајка на Брест, едноставно, ждрепката не им одеше во прилог. Пред неполни две недели, ПСЖ лесно победи во Брест во домашното првенство.
Од 21 часот на преостанатите натпревари ќе играат Спортинг Лисабон против Борусија Дортмунд и Јувентус против ПСВ Ајндховен.
Спортинг нема континуитет откако тренерот Рубен Аморим замина во Манчестер јунајтед, иам пет победи, три нерешени и два порази на последните десет натпревари.
Навивачите се особено загрижени што „лавовите“ немаа решение во дерби мечевите против португалските ривали. По победата против Порто на 7. јануари, беа елиминирани од градскиот ривал Бенфика во Купот, па загубија од Лајпциг во Лигата на шампионите, па ремизираа со Болоња, за да ремизираат во Порто во пресрет на дуелот со финалистот од минатата сезона.
Добра вест за Спортинг е што Борусија игра уште полошо, тие се на скромното 12. место во Бундеслигата и неодамна го сменија тренерот.
„Милионерите“ во јануари ги победија Шахтјор со 3:1 и Хајденхајм со 2:1, но загубија од Штутгарт со 2:1 на домашен терен во пресрет на гостувањето во Лисабон.
Во Торино, Јувентус ќе го пречека ПСВ Ајндховен. Јувентус не блеска оваа сезона, прва за тренерот Тијаго Мота во клубот. Јуве ги доби последните два натпревари во првенството, против Емполи и Комо, но прблем за Мота е што тимот тешко се псравува со посилни противници. Погледите ќе бидат вперени во Рандал Коло Муани, кој одлично се вклопи по доаѓањето од ПСЖ.
Текстот Еден гигант мора да испадне – Сити и Реал играат за опстанок во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.