Актуелниот европски кошаркарски шампион Анадолу Ефес ги засили своите редови со 26-годишниот американски кошаркар Елајџа Брајант.
Ефис има катастофален старт на сезоната во Евролигата со 4 порази во 4 натпревари, па клубот од Истанбул се одлучи да реагира и успеа да ги обезбеди услугите на Брајант кој веќе има искуство со играње во Европа и тоа во Израел каде настапуваше за Хапоел Елиат и Макаби Тел Авив.
Тој во новата средина доаѓа од Милвоки Бакс, тим со кој минатата кампања ја освои титулата во НБА лигата. На своето деби во најсилната кошаркарска лига реализираше 16 поени, 6 скока и 3 асистенции на дуелот против Чикаго Булс за да потоа настапи и на 11 средби во плејофот.