Европската комисија денеска предложи воспоставување рамка за можно воведување на дигитално евро и предлог да се обезбеди задолжително прифаќање на готовинските плаќања со цел да се отфрли стравот на многумина дека дигиталната валута може целосно да ја замени готовината. Комисијата, исто така, предложи дигиталното евро, нематеријална валута, да добие статус на законско средство за плаќање во еврозоната, а моментално само банкнотите и монетите на еврото го имаат тој статус.
„Денешните предлози, исто така, ќе гарантираат дека готовината ќе остане целосно достапна, истовремено дозволувајќи и на Европската централна банка да ги развие практичните аспекти на дигиталното евро со текот на времето“, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис.
Тој додаде дека дигиталните плаќања во евра ќе бидат „безбедни и сигурни, инстант и практични – онлајн и офлајн“.