Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања.
По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.