Има ли полош момент од тоа кога ќе ги извадите садовите од машината после миење, а таа сепак е валкана?

Тоа се случува многу често, а според австралискиот експерт за чистење Ешли Иридл, проблемот може да биде во плакнењето на садовите, особено на чиниите, пред да ги измиете.

Како што вели тој, нема апсолутно никаква потреба да ги плакнете чиниите пред миење, особено ако сакате да бидат совршено чисти откако ќе ги извадите од машината.

„Резултатите од миењето се всушност многу полоши откако ќе ги измиете под вода“, вели тој, објаснувајќи дека денешните машини претежно имаат сензори кои лоцираат проблематични делови од садовите и се особено посветени на нив.

Ако ги измиете чиниите претходно, тие веројатно нема да најдат ништо на нив и нема да ги измијат доволно за да ги отстранат ситните дамки. Ешли вели дека е доволно само да ги отстраните парчињата храна пред да ги ставите во машина за миење садови.