Лондонскиот аеродром Гетвик, наводно, е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.

Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.

Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била „мерка на претпазливост“ додека полицајците истражуваат „безбедносен инцидент“.

Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.

Текстот Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент е превземен од МАКФАКС.