Фудбалскиот клуб Јувентус одреди цена од 40 милиони евра за својот напаѓач Душан Влаховиќ.

Но, тој е подготвен да преговара и да ја намали цената за да го продаде и да собере средства за да го купи Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.

Договорот на Влаховиќ истекува следната сезона и тој не сака да го продолжи, па клубот се обидува да го продаде за следната година да не остане без отштета.

Како што пренесува Тутоспорт, Јувентус поставил цена од 40 милиони долари за Влаховиќ, но е подготвен и да преговара за пониска цена, за да собере средства за Хoјлунд.

Претставниците на клубот веќе започнале преговори со раководните лица на данскиот фудбалер.

Раководството на Јувентус сака да смени напаѓачи ова лето, па покрај заминувањето на Влаховиќ се очекува да го напушти Торино и Даглас Луис. Бразилецот не се снајде најдобро во тимот и неодамна се пожали на малата минутажа.

Неизвесно е и дали Рандал Коло Муани ќе остане во клубот, бидејќи позајмицата му истекува на крајот на сезоната и би можел да се врати во Пари Сен Жермен.

Јувентус долго време е заинтересиран за Хoјлунд, кој оваа сезона за Манчестер Јунајтед одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и четири асистенции.

Неговиот договор со англискиот клуб истекува во 2028 година.

Текстот Душан Влаховиќ од 40 милиони евра е превземен од МАКФАКС.