Џек Дуан ќе го има своето деби во Формула 1 за Алпин тим на последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби.
Овој потег ќе му овозможи на Алпин да почне да го подготвува Дуан за неговата транзиција во постојаната возачка постава следната година. Дуан во Алпин доаѓа на местото на Естебан Окон кој кариерата ќе ја продолжи во Хас.
Со овој потег, Алпин ќе му дозволи на Окон да вози за Хас на постсезонското тестирање на гумите во Абу Даби и во исто време ќе му даде можност на талентираниот Дуан да почне да се навикнува на болидот.
Партнер на Дуан од следната сезона во Алпин ќе му биде Пјер Гасли.
Текстот Дуан ќе вози за Алшпин во Абу Даби е превземен од МАКФАКС.