
Зградата на црногорскиот парламент утрово е евакуирана поради дојава дека во таа институција била поставена бомба.
Од Полициската управа информираат дека дојавата е пристигната утрово во 07:50 часот.
„Припадниците на полициската управа преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност и се проверуваат информациите“, велат од полицијата во Подгорица.
Дојави за бомби утрово добиле и неколку училишта во Подгорица, информираат од Министерството за образование за „Вијести“.