Железните метеорити се најзастапени на нашата планета, а како што кажува и нивното име, главно се направени од железо и мешавина од други метали. Научниците веруваат дека сите железни алатки и оружја од бронзеното време биле направени од овој материјал.
Најмногу докази за поддршка на оваа теза има на Блискиот Исток, Азија или Египет. Но, што е со Европа? Вакви артефакти нема многу на европско тло, па научниците решиле да ги пронајдат.
Во потрага по небесно железо
Тим од геолози предводени од Беда Хофман од Природонаучниот музеј и Универзитетот во Берн во Швајцарија ги испитуваа археолошките локалитети каде што е познато дека паднал железен метеорит. Кога ги испитувале наодите од Мериген во денешна Швајцарија, локација ископана во текот на 19 век, еден артефакт им го привлече вниманието.
Железниот врв на стрела со должина од 39,9 мм и тежина од речиси 3 грама, како што се испоставува, има вселенско потекло. Неговиот состав е идентичен со оној пронајден во споменатите метеорити, но кога го споредиле со оној откриен во полето Тванберг – се покажало дека не е од таму.
Преку понатамошна анализа, сфатиле дека припаѓа на метеоритите IAB, што им ја олеснило понатамошната потрага – само три од нив паднале во Европа. Конечниот резултат – му припаѓа на оној од Калијарево во Естонија, оддалечен 1.600 км. Други информации исто така се совпаѓаат, тој паднал на Земјата пред 3.500 години, додека врвот бил датиран врз основа на видот и околните наоди меѓу 900 и 800 п.н.е.
Излегува дека со ова откритие, научниците пронашле уште еден доказ за трговски патишта што овозможиле неколку фрагменти од железен метеорит да поминат растојание од 1.600 километри. Претпоставката е дека тие патувале по истите рути како и балтичкиот килибар.
Резултатите од истражувањето се објавени во Journal of Archaeological Science.