Последното коло од Бундеслигата беше повеќе од возбудливо, а најголем победник на крајот е Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ и со помош на Ајнтрахт успеаја да го обезбедат четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Покрај Боруија, во елитата како германски преставници ќе играат шампионот Баерн, Баер Леверкузен и Ајнтрахт.

Ајнтрахт направи пресврт во Фрајбург, во директен дуел за место во ЛШ и на крајот победи со 1:3.

Мечот не запона добро за тимот од Франкфурт, бидејќи Доан постигна гол во 27-та минута и со тој резултат, домашниот тим имаше место во елитното европско натпреварување.

Сепак, до паузата, Кнауф израмни во четвртата минута од судиското продолжение, а потоа, во рок од две минути, Ајнтрахт успеа да го нокаутира ривалот.

Во 61-та минута, Кристенсен донесе пресврт за гостите, а во 63-та минута, Скири практично го реши прашањето за победникот.

Дортмунд рутински победи со 3:0 против Кил, кој остана Јохансон во деветтата минута, кој доби директен црвен картон.

Гираси беше немилосрден во третата минута од пенал, а Сабицер во 47-та минута и Нмеча го потврдија триумфот на екипата на Нико Ковач.

Фрајбург мораше да се задоволи со петтото место и место во квалификациите за Лига Европа, додека голема борба се водеше и за шестата позиција и пласман во Конференциската лига.

Ќе се слави во Мајнц, кој избегна пораз од Леверкузен (2:2) и освои вреден бод. На крајот Мајнц заврши на шестотот место бидејќи Лајпциг доживеа пораз од Штутгарт (2:3).

На Лајпциг му беше потребна победа во дуелот со Штутгарт, но не успеа да освои ниту бод па заврши на седмото место и остана без место во европските купови.

Од лигата испаднаа Бохум и Кил, а бараж за опстанок со третопласираниот тим во Цвајта ќе игра Ханденхајм.

Текстот Дортмунд се провлече во Лигата на шампионите, Лајпциг остана без место во европските купови е превземен од МАКФАКС.