На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 139,95 на 140,15 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0700 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0705 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Во неделата, лидерите на ОПЕК+ одлучија да ги задржат постојните производствени квоти, но Саудиска Арабија најави доброволно намалување на производството за еден милион барели дневно.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 1,30 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,46 отсто, на 72,75 долари.